Дали сте вие меѓу нив?
Отпорноста на телото на бактерии, инфекции и разни болести е одредена од многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група.
Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се справат со нападите врз нивното тело, и во таа смисла, носителите на крвната група 0 најдобро поминале.
Имено, долгорочните студии покажале дека крвната група 0 е најсилна меѓу сите крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочни удари, срцеви удари, ретко страдаат од болести поврзани со меморијата, и докажано е дека во најмала мера можат да страдаат од рак на желудникот и панкреасот, како и од голем број други видови на рак. Тие се едноставно најмалку подложни.
Поради отпорноста на телото на болести, луѓето кои имаат крвна група 0, во споредба со другите, живеат најдолго.
А зошто е тоа така?
Една од најважните причини е фактот дека крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочен удар и срцев удар се предизвикани од слаба коагулација на крв. Работите што се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања се слични на ризиците од развој на ментални заболувања и други.
Што се однесува до прашањето која крвна група е „најслаба“, тешко е конечно да се одреди, иако експертите велат дека тоа е група А, бидејќи истражувањата покажале дека носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија и некои други заразни и системски заболувања.
Затоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од сите други.
Студијата исто така покажа дека носителите на крвната група 0 живеат во просек подолго од сите други носители на крвни групи, па логичниот заклучок е дека за тоа е одговорен нивниот отпор кон бројни болести и медицински состојби.