Националната опера и балет најавува втора изведба на ремек-делото „АНА КАРЕНИНА“

Националната опера и балет најавува втора изведба на ремек-делото „АНА КАРЕНИНА“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на 26 јуни 2023 со почеток во 20.00 ч.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.


Во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски, Гилерме Алвес (Португалија).
Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …