Нашата мисија, наша одговорност е да понудиме помош и поддршка за заштита на македонското културно и државно наследство!

Изјава од Сопственикот на ИНБОХ, Г-динот Стојче Тасков
„Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија” а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат. Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува. Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување.
Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал“ вели сопственикот на ИНБОХ, г-динот Стојче Тасков.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …