Направете ЧАЈ ОД КРОМИД: Може да ги ублажи кашлицата, главоболката и настинката

Многу лесно се подготвува
Овој чај може да се пие секојдневно, во поголеми количини. Одличен е за ситуации во кои сакате да го избегнете мирисот на кромидот и да ги искористите сите лековити својства на оваа билка.

Подготовка:
Исечете го кромидот со средна големина на 4 дела и покријте го со 3 чаши вода. Ако кромидот не е испрскан, исечете го заедно со кората за да биде што поефективен. Потоа оставете да се вари на тивок оган додека половина од течноста не испари, процедете и пијте топло. Вкусот на вака приготвениот чај е сладок и пријатен, а по желба може да се заслади со мед.
Ако не ви се допаѓа вкусот на чајот, можете да го поправите со други лековити билки – додадете лист жалфија и неколку лажички камилица или мајчина душица додека го варите. Изварениот кромид можете да го користите подоцна при подготовка на јадења, на пр. додадете во јадења од компири или чорби.


This image has an empty alt attribute; its file name is caj-od-kromid-za-kaslanje.jpg

Овој чај е првенствено ефикасен против кашлица, а можете да го користите и за ублажување на болки во грлото, настинка и грип.


Во повеќето случаи, пиењето чај 2-3 дена е доволно за овие болести. Чајот од кромид се користи за срцева и бронхијална астма. Во тешки случаи на астма и бронхитис, чајот треба да се пие 2-3 недели, а можно е и почесто, за целосно чистење на бронхиите и белите дробови. За астматичарите со овој чај се препорачува да се земе рендана црна ротквица со додавање на малку шеќер.

Чајот од кромид е добар и за детоксикација и зајакнување на организмот.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …