Научниците откриле зошто толку многу го сакаме чоколадото: Не е поради шеќерот!

Чоколадото е омилено уживање за многумина
Дали сте и вие љубители на чоколадо, можете ли да го јадете неограничено и се прашувате што е толку неодоливо во овој деликатес?
Истражувачите од Универзитетот во Лидс во Англија велат дека го пробиле кодот за тоа што го прави чоколадото толку неодоливо. Тие ги објавиле своите наоди во новата студија објавена во ACS Applied Materials and Interfaces. Истражувачите велат дека голем дел од желбата се сведува на тоа како се топи чоколадото во устата. До овој заклучок дошле откако го испитале секој механички чекор во процесот на јадење чоколадо, пишува Healthline.

This image has an empty alt attribute; its file name is cokolado.jpg


Зошто чоколадото носи такво задоволство?
Резултатите од нивната студија сугерираат дека луѓето сакаат чоколадо главно поради чувството и текстурата на содржината на маснотии на нејзините најоддалечени слоеви, кои се распаѓаат во нашата уста додека џвакаме. Задоволството што го добиваме од јадењето чоколадо доаѓа главно од начинот на кој нашиот јазик и плунковните жлезди комуницираат со содржината на маснотии во чоколадото.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез …