Спотот за водечката нумера на серијата „Македонија“ – “Налеј, налеј“ која ја доживеа својата промоција пред само 24 часа ги запали социјалните мрежи и во буквална смисла ги руши рекордите по гледаност!
Резултатите од мерењето на аналитичката платформа MEDIA TOOLKIT објавениденес во 14 часот, покажуваат дека вкупно 544.201 македонски гледачи го виделе НАЛЕЈ НАЛЕЈ! И сето тоа само на социјалните мрежи, што го направи НАЛЕЈ НАЛЕЈнајгледаното видео на сите времиња во МАКЕДОНИЈА во еден ден!
Бидејќи видеото НАЛЕЈ НАЛЕЈ се појави истовремено на бројни канали како Facebook, Twitter, You Tube и WhatsApp, податоците рапидно растат од час на час .. така што се очекува во текот на утрешниот ден НАЛЕЈ НАЛЕЈ да има повеќе од 1.000.000 прегледи на социјалните мрежи! Податоците што штотуку пристигнуваат покажуваат огромен интерес на македонската дијаспора во Австралија, Канада и САД за МАКЕДОНИЈА, која е љубовна приказна.
Емотивната изведба на македонската песна ги разбуди позитивните емоции кај граѓаните на Македонија и тие ја споделуваат песната со емотивни пораки во неа.
Зборовите „Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе… Те сакав жив… А те мразам мртов ..Зар таа те сакаше повеќе од ене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата?
А Зошто ме остави за неа, засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“ како да допираат до најчувствителните делови на душата
Македонија е навистина љубовна приказна, Македонија е земја во која сите се заљубуваат, земја која е во срцето и душата.