(ВИДЕО) Солени галети на баба

Потребно е:
300 г брашно (интегрално)
100 г путер
1 јајце
2 лажици сончоглед
2 лажици ленено семе
2 лажици сусам
150 г урда, ронето сирење или фета
1/2 кесичка прашок за печиво
сол
Подготовка: во соодветен сад ставете го јајцето, малку изматете, додајте ги путерот и сирењето и убаво измешајте. Потоа вмешајте го исеаното брашно во кое сте го додале печивото, семките и замесете меко тесто.
Направете малечки топчиња, малку растегнете со дланка или сукало и печете во апарат за галети, да добијат скоро црвена боја.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Христина Персијанка

Светата маченичка Христина Персијанка Светата Христина Персијанка била христијанска маченичка која пострадала за својата вера …