Најтешка работа на светот: Вирална фотографија која ја открива суровата реалност на мајчинството

СЕКОЈА мајка многу добро знае колку се менува животот кога ќе дојде на свет бебе – одеднаш се соочуваме со многу различни обврски, голема одговорност, недостаток на приватност, балансирање помеѓу семејството и работниот живот… Сите овие работи можат да бидат многу оптоварувачки и понекогаш ги прави речиси невозможни за изведување.
За да потсети токму на тоа, австралиската инфлуенсерка и мајка на две деца Кристи Андерсон споделила фотографија на Инстаграм која ја покажува суровата реалност на мајчинството. На неа можеме да ја видиме Кристи, видно исцрпена и уморна како јаде стоејќи додека го дои своето бебе.

View this post on Instagram

A post shared by Kristy Mae (@wildheart_mama)


„Жените се моќни. Иако понекогаш не е воопшто лесно, продолжете да давате живот, одгледувајте силни семејства, нахранете ги вашите бебиња, правете промени, работете напорно, негувајте, сакајте и растете“, напишала Кристи со фотографија на која, веруваме, секоја мајка може да ја пронајде самата себе.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …