Синоќа се одржаа Brit Awards во арената 02 во Лондон, а британскиот пејач Хари Стајлс го забележа најголемиот успех.
„Harry’s House“ беше прогласен за албум на годината, „As It Was“ беше прогласен за песна на годината, а Хари беше прогласен за најдобар британски изведувач со најдобра поп изведба.
View this post on Instagram
„Толку сум горд што сум Британец. Ова е посебна ноќ за мене. Ви благодарам многу што ме дочекавте дома“, рекол тој при прифаќањето на наградата.
Останатите победници на овогодинешното доделување на Brit Awards се:
Најдобра група и најдобри нови музичари – Wet Leg
Ѕвезда во подем – FLO
Најдобра рок изведба – The 1975
Најдобра хип-хоп изведба – Aitch
Најдобра танцова изведба – Беки Хил
View this post on Instagram
Најдобар странски женски изведувач – Бијонсе
Најдобра странска група – Fontanes D.C.
Најдобра странска песна – „Break My Soul“ – Бијонсе
Продуцент на годината – Дејвид Гета
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram