Наредната недела ќе биде најсреќна за овие три знаци

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Пред нас е нова недела. Сè уште сме под власта на откачената и каприциозна Водолија, па овонеделните аспекти ќе бидат интересни и ќе ни донесат многу возбуда и промени. Овие три хороскопски знаци најдобро ќе се снајдат во наредната недела, па ги очекуваат многу поволни околности.

Терезија
Терезиите ќе се чувствуваат моќни и непобедливи. Сè ќе им успева, па ова е погодна недела за да почнат да остваруваат долгорочни цели. Тоа е поволно време за стручно оспособување и напредување, но и за промена на работните места. Некои ќе почнат да заработуваат од скратено работно време. На емотивен план ги очекуваат пријатни изненадувања.


Стрелец
На Стрелците оваа недела сигурно нема да им биде досадно. Иако нема секогаш сè да оди според планот, безграничниот оптимизам ќе ги поттикне да не се откажуваат од своите желби и соништа. Ќе водат богат социјален живот, а излегувањето ќе им донесе многу забава и можности за дружење и флерт. Некои ќе патуваат или ќе одат на екскурзија која ќе им остане во одлично сеќавање. Неделата е одлична за учење и полагање испити.

Рак
Раковите ќе имаат среќа во љубовта. Ќе почувствуваат дека полека сè си доаѓа на свое место, а љубовните спорови ќе станат дел од минатото. Слободните би можеле да запознаат личност за која сметаат дека им е сродна душа, а можно е и да почнат да одржуваат врска на далечина. На деловен план, можни се помали падови кои успешно ќе се решат, додека финансиските околности на многу луѓе ќе се подобрат.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …