Најмлади жртви на војната во Украина – момче (6) и девојче (7)

Двете најмлади жртви на војната што започна на 24. февруари се девојче (7) и момче (6).
Гувернерот на регионот Суми, Дмитриј Живицки, соопшти дека во петокот вечерта е убиено девојче (7) како последица на рускиот напад во североисточниот град Октирки.
Си-Ен-Ен објави дека шестгодишно момче било убиено во вкрстен оган во западен Киев во саботата вечерта. Украинските власти не ги коментираа тврдењата на CNN.


Првите три дена од војната
Потсетуваме дека руските војници ја нападнаа Украина рано наутро во четвртокот по наредба на рускиот претседател Владимир Путин. Путин ја нарече воената интервенција во Украина „специјална воена операција“, а руските војници за само 24 часа успеаја да ја освојат централата во Чернобил и да се приближат на само 30 километри од Киев.
Вториот ден од руската агресија врз Украина беше одбележан со борби во околината на Киев и офанзива на Харков, град на истокот на земјата. Исто така, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили го зазеле градот Чернихив на северот на земјата, но и аеродромот Гостомељ во предградието на Киев.
Третиот ден во центарот на вниманието беше главниот град на Украина, каде, според украинските власти, се слушнале истрели и експлозии. Исто така, украинските власти објавија фотографии од гранатираната станбена зграда во Киев, во која според последните податоци нема жртви.

Во светот се одржуваат мировни протести против војната во Украина и се бара мир.



Фото: Принтскрин/nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …