НАЈГОЛЕМИТЕ ЉУБОВИ НА ЏОН ТРАВОЛТА ПОЧИНАЛЕ ОД РАК НА ДОЈКА: И’ првата љубов на глумецот, која била постара 19. години од него починала од истиот карцином!

Глумецот бил покрај Дајана Хајленд додека умирала…
Tон Траволта (66) ја загуби сопругата Кели Престон, која почина од рак на дојка по две години борба.
Холивудскиот титан ниту порано не бил заобиколен од големи животни трагедии, затоа што ја загубил својата прва голема љубов, неговата девојка Дајана Хајленд, од рак на дојка.
Дајана починала во 1977. година на 42-годишна возраст, кога Траволта имал само 23 години. Таа имала мастектомија, две години пред смртта. Среде снимањето на големиот хит „Saturday Night Fever“, Џон полетал за Лос Ангелес кога нејзината состојба драстично се влошила. Тој бил со неа кога таа починала, а тој исто така рекол дека „почувствувал кога од неа излегол последниот здив“.


„И пружив голема среќа во последните месеци од нејзиниот живот. Секогаш чувствувам дека е со мене, секогаш ми посакуваше се најдобро“, рекол Траволта во една пригода и открил дека таа е неговата прва голема љубов.
„Мислев дека и претходно сум заљубен, но не бев. Таа ме привлече во моментот кога ја видов, а почнавме да се забавуваме еден месец после тоа“, открил актерот.
Двојката се запознала на филмскиот сет во 1976. година кога таа ја играла неговата мајка во филмот „Момчето во пластична меур“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …