Најдобар дистрибутер на DELL во регионот е ИТД МАКЕДОНИЈА

Partner Award Adriatic е годишна гала манифестација организирана од Dell Technologies со цел да ги награди своите партнери и дистрибутерите за сите достигнувања во претходната година.


Оваа година, за прв пат, наградите за партнери на Dell Technologies од Адриатик регионот се одржаа како виртуелен настан.

Во изборот учествуваа повеќе од 150 компании од: Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија.


ИТД Македонија ја доби наградата Дистрибутер на годината за регионот Македонија, Албанија и Косово како најбрзорастечки дистрибутер на овие пазари, поради успешното управување со портфолио за крајни корисници и корпоративна продажба, како и за градењето на одлични релации со своите партнери.


Од ИТД Дистрибуција посочија дека ова признание е предизвик да се добие, особено во силна регионална конкуренција и е плод на одличната тимска работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …