Најава за викенд за уживање во Скопје со живата легенда Раде Шербеџија!

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, живата легенда Раде Шербеџија, на 04. и 05. ноември доаѓа во Скопје, со два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.
Харизматичниот Раде во Скопје ќе го промовира новиот албум кој излегува во средината во октомври. На скопските концерти тој ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Ne daj se Ines“, „Meni se dušo od tebi ne rastaje“, „Ćekaj me“, „Imam pjesmu za tebe“ и др.
Како специјални гости на концертот ќе се појават Гаро и Tavitjan brothers кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а исто така ќе има и други гости, како на изненадување на вечерта.
Влезниците по цена од 990. денари, во продажба ќе бидат од утре (четврток) наутро во 09. часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.
Вистински викенд за уживање со неповторливиот Раде Шербеџија!

Авалон Продукција


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …