Наградуваниот германски филм „Рока го менува светот“ на „Џифони филмски денови“

Овој филм е снимен според книжевните мотиви на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен, авторката на култниот роман „Пипи Долгиот Чорап“

Скопје, 28 април: Фестивалот „Џифони Македонија“ ги поканува учениците од основно и средно образование што сакаат да учествуваат на нова сесија од „Џифони филмски денови“, што ќе се организира в сабота (30 април) од 10 часот во Кинотеката. На четвртата сесија од овие филмски денови учениците ќе го гледаат филмот „Рока го менува светот“ во режија на Катја Бенрат, кој е снимен според книжевните мотиви на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен, најпозната по романот за Пипи Долгиот Чорап.
Во него, главен лик е Рока, девојче од друга планета. Таа е супериорна во техничката и социјалната комуникација во однос на нејзините врсници, има сила да го менува светот и со таа мисија започнува во нејзиното непосредно опкружување. Рока се бори за правда и без страв им се спротивставува на насилните врсници што ги малтретираат послабите. Рока, всушност, израснала во изолирана средина, и тоа не било каква, туку во вселенска станица. Затоа секојдневниот живот во Хамбург, за неа изгледа многу чудно. И покрај тоа, Рока ги задржува својот отворен дух и духовитоста, пријателски настроена кон другите. Секогаш полна со оптимизам, Рока се бори да ја зачува својата независност и да докаже дека и децата имаат моќ да го менуваат светот…


This image has an empty alt attribute; its file name is roka-go-menuva-svetot-poster.jpg
„Рока го менува светот“ беше во конкуренција за Наградата на младата публика на Европската филмска академија во 2020 година. Децата-актери од филмот ги освоија националните германски филмски награди, беше најдобар филм на фестивалот за деца „Џифони“ и на фестивалот во Луксембург.
Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …