(ФОТО) Реакција на семејството на Ристо Стефановски: „Собирањето што го предложува Драмски е омаловажување на ликот и делото, не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци“

Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на денешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на а глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.

„Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски:
Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар.
Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите – легенди.
Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто…бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на ‘Македонскиот Театар’ без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?
За комеморацијата благовремено ќе ве известиме“, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …