„Над бескрајот на стените“ – изложба на Зоран Лазаревски во МКЦ

Во понеделник, на 5 февруари 2024 година во галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Над бескрајот на стените“ на ликовниот уметник Зоран Лазаревски.

Не еднаш и не еден уметник занемено стоел пред совршените, беспрекорни творби на природата; и секој отсекогаш сакал барем да се доближи до чудесните форми и бои, да ги одгатне таинствените пораки што тие ги упатуваат – древни, вечни, секому важни.


Природата е ненадминат уметник; речиси нема некој, кој и да е, кога и каде да било, макар мигновено да не ја почувствувал нејзината семоќна рака, полноводната кристална река што струи низ неа. Многумина ќе поитаат да понудат одговор и објаснување, но мудриот Сенека би рекол – „Премногу сме смртни за да го спознаеме бесмртното.“

Зоран Лазаревски е роден 1949 година во Скопје. Завршил училиште за применета уметност „2 Август“ во Скопје 1965-1970 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград 1975 година, во класата на професор Марко Крсмановиќ, отсек ликовна графика. Член на ДЛУМ од 1976 година. Самостојно изложувал на повеќе места, Скопје, Струга (93) , Струмица (1993 и 2023 год.).


Од 1975 до 2013 година е ликовен уредник на весникот Нова Македонија и добитник е на специјална награда по повод 60 години на весникот Нова Македонија за дизајн опрема на весници, книги, монографии, плакати, брошури и секаков вид на дизајн.

Изложбата ќе биде отворена до 21 февруари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …