На денешен ден е родена нашата истакната актерка Биљана Драгиќевиќ-Пројковска

Билјана Драгиќевиќ-Пројковска е родена на 11 април 1975 во Скопје. Таа е позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на Владимир Милчин.

Во 1998 година се вработила како актер во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во претстави во Драмскиот театар, но и во други театарски институции и тоа не само како глумец, туку и како режисер, кастинг директор и проект менаџер. Покрај театарските улоги остварува и филмски и телевизиски улоги.


Драгиќевиќ-Пројковска остварила улоги во следниве театарски претстави: Ингрид (Питачка опера, 1996); Шехерезада (Вазна од порцелан, 1996); Гласот на народот (Ојдипус Тиранос, 1997); Сара Танси (Заводникот од западниот свет, 1997); Злата/Спикерката/Бабата/Девојчето (Фурка, 1997); Гилдерстерн (Хамлет, 1998); Жената (Тхе Ловер); Марија (Платонов, 1999); Ана (Поблиску, 1999); Сестрата (Роберто Зуко, 1999); Рајка (Земјомерот, 2000); Вера (Диво месо, 2000); Јури (Кандид во земјата на чудата, 2000); Наташа (Падот на невиноста, 2002); Таа (Есперанца, 2002); Ангустиа (Домот на Бернарда Алба, 2004); Рајна (Лет во место, 2005); Музичарката (Супернова, 2008); Кејт (Жената како воено поле, 2009); Госпоѓа Де Монтреј (Маркиза, 2009); Управничката (Грев или шприцер, 2011); Аџи Јанкула (Солунски патрдии, 2013); Менаџерка/ Водителка (Живот во тесни чевли, 2014); Лиза (Човекот кој го изеде светот, 2014).

Од Филмски и ТВ улоги ги издвојуваме:


-Денес, утре, ТВ филм, 1998
-Селанката – детско ТВ емисија Волшебниот свирач, 1999
-Мајката – Вета, краток филм, режија Теона Митевска, Берлински филмски фестивал 2001
-Фатима – Сликар, краток филм, режија Александар Станковски, 2000
-Џипче и Летка – Волшебното тркало, детска ТВ емисија, режија Ристо Самарџиев, СИТЕЛ ТВ, 2000
-Сашка – Сашка и Сашко, ТВ проект, режија Драган Вељановски, МРТВ, 2005
-Самитот на Шаманите, ТВ филм, режија Александар Станковски, 2006
-Касиерка — Досие-К, ТВ филм, режија Драган Вељановски, 2007
-Мајки, ТВ-филм, режија Милчо Манчевски, 2010.
-Бистра вода, ТВ серија, режија Јани Бојаџи, 2010
-Динка — Ова не е Американски филм, ТВ филм, 2011
-Бардо, ТВ филм, 2012
-Сестрата — Последниот Македонец, ТВ филм режија Илија Пиперкоски, 2015
-Жената — Лазар, ТВ филм режија Светозар Ристовски, 2015
-Петко – 5+ фамилија, детски ТВ проект, ТЕЛМА ТВ, 2014-2020
-Преспав, ТВ серија, 2020
-Сестри ТВ филм, 2021.
-Прогестерор(н), ТВ филм, 2022.
-Тајниот изум, ТВ филм 2022.

Добитничка е на следниве награди и признанија:


Награда од ревијата „Екран” за најдобар млад актер (Скопје, 1998); Награда за најдобар глумец од списанието „Вечер“ (1999), Награда за најдобар глумец за 2000 година за претставата „Поблиску“ – Златна Бубамара на популарност (2001), Награда за најдобара женска улога за улогата Кејт во претставата „Жената како воено поле” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2010); Награда за најдобра епизодна женска улога за улогата Серафима Илинчина во претставата „Животот е прекрасен” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2016), Награда за најдобра женска улога на фестивалот на дуодрама “Бранко Ѓорчев” за улогата во претставата “За нас почнува живот” во режија на Дејан Пројковски (2023) и други.

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да и го честита роденденот на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и да и посака многу здравје и уште многу успеси на професионален план.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …