Промоција на „Си беше еднаш“ во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“


Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април, со почеток во 19:00 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе учествуваат: уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде во улога на промотор.

Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за внимателно селектирани и препакувани во ново руво, 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината.


Оваа книга-ковчеже има и „златно клуче“ за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња. Секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина.

„Си беше еднаш“ (Најубавите бајки на сите времиња) е голема книга за малите читатели со нова, уедначена раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска (соодветна и примерена на новото време и на новите генерации читатели) и раскошни илустрации од Наталија Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки што првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РОМАН СИМОВИЌ: Голема чест е што преку музика ќе им помогнеме на семејствата од Кочани

Светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, утревечер ќе настапи заедно со …