На 10. август премиерно ќе биде прикажан вториот краток филм за “Старо Скопје” – “Раѓањето на градот”, на Катерина Габунија

На 10 ти август со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде прикажан вториот краток филм за “Старо Скопје”, “Раѓањето на градот”, чиј автор е КатеринаГабунија а носител на проектот НУФЦ Вардар Филм – Скопје. 


Проектот е поддржан од Град Скопје а реализиран во соработка со Кинотеката на Македонија.


Проектот “Тајните архиви на Скопје -Раѓањето на градот” е инициран, режиран и координиран од Катерина Габунија, монтажата и изборот на музика е на Мартин Никлески, дигитализацијата и дигиталната обработка на Александар Трајковски и дизајнер на звук Сашко Потер Мицевски. Филмот ќе биде прикажан  во склоп на фестивалот на нем и класичен филм кој за првпат ќе бид еорганизиран во соработка со Кинотеката на Македонија и здружението Кино Балкан.


” Раѓањето на Скопје” претставува колаж од дигитализирани 8 милиметарски филмски ленти, чии протагонисти се граѓаните на Скопје. Нивните приказни, креираат емотивна, забавна но и носталгична филмска сторија за Скопје и Скопјани раскажана низ најважните периоди од животот на еден човек. Младоста полна елан и љубов, периодот на созревање и градење дом и семејство и раѓањето  на нов живот се клучни елементи на овој видео колаж.

Процесот на реализација на овој проект започна со јавен повик до граѓаните за собирање на 8 и супер 8 мм ленти. Се продолжи со Дигитализација и дигитална обработка на истите а потоа се премина кон монтажа на слика и звук.

Проектот “Тајните архиви на Скопје” доби поддршка за реализација и на трет дел. За таа цел, се обраќаме до граѓаните на Скопје, кои во своите домови сеуште чуваат 8 и супер 8 милиметарски филмски ленти да ги донесат своите ленти во просториите на НУФЦ Вардар Филм или да и се обратат директно на авторката на проектот, КатеринаГабунија ( katerinagabunija@gmail.com /070 341 463)

Граѓаните кои со  своите ленти ќе учествуваат во проектот, ќе добијат  свои дигитализирани копии и секако ќе бидат дел од еден интересен филмски колаж. На овој начин преку архивирање и Дигитализација на стари филмски ленти (8 и супер 8 мм) од домашната  архива на Скопјани се открива скриеното богатство за животот во градот, но и се зачувуваат драгоцени документи, кои доколку не бидат дигитализирани ќе исчезнат или ќе бидат дегенерирани и неупотребливи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …