(ФОТО) ОВА МОЖАТ ДА ГО ПИЈАТ И „АНТИВАКСЕРИТЕ“: Хит понуда – коктели „Фајзер“, „Модерна“, Спутник“…

На Фејсбук страницата „Дневна доза на просечниот Далматинец“ објавена е фотографија на интересна понуда на кафуле во Риека.
Во согласност со актуелните теми, на гостите им се нудат коктели наречени Фајзер, Спутник, Модерна …
Виралната фотографија насмеа многу корисници на социјалните мрежи, па многумина се пошегуваа дека „не го сакаат Џonонсон затоа што во тој случај добиваат „само една доза“ или дека во овој случај ќе се „вакцинираат уште еднаш – без никакви проблеми”.


Имало и такви кои на шега прашале: „Како водка во Модерна, а не во Спутник?“.
Барот, за кој дури подоцна беше наведено дека се наоѓа во Риека, нуди коктели Спутник, Фајзер, Астра Зенеку и Модерна, по примерот на производителите на вакцини против коронавирусот.

Коктелите се направени од рум, минерална вода, сируп, овошје…
Судејќи според реакциите на социјалните мрежи, иновацијата на хрватските угостители сигурно ќе биде голем хит ова лето.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …