Морбидна статистика на епидемијата која владее со светот: Од корона вирусот починале повеќе од 170.000 луѓе – ова се најголемите жаришта!

Вирусот корона се прошири на најмалку 215 земји и територии во светот а е регистриран и на два меѓународни крузери…
Повеќе од 170.000 луѓе починале од псоледиците на вирусот корона во светот, што е точно 170.949, со најмногу, дури 42.969 жртви во САД, според најновите податоци на „Worldometers“.
САД имаат скоро двојно повеќе смртни случаи од Италија, која е на второ место во однос на жртвите, а Франција сега стана една од четирите држави што забележала повеќе од 20.000 смртни случаи.
Според порталот „Worldometers“, 2.489.287 луѓе се заразени со вирусот корона, додека 651,104 се излечиле.
Вирусот корона се прошири на најмалку 215 земји и територии во светот а е регистриран и на два меѓународни крузери.
Од активните случаи, 1.656.793, 97. проценти се оние со поблаги симптоми, додека останатите три проценти се во сериозна или критична состојба.


САД се уште се најинфицираната земја,со 800.759 случаи.
Шпанија е на второ место, со проценети 1.536 нови случаи, денес надминува 200.000 и сега изнесува 200.210, а трета е Италија, со околу 181.228 заразени.
Следи Франција со 155.383, по што следи Германија со 147.146 заразени и Велика Британија со 124.743 заразени.
Други земји имаат помалку од 100,000 заразени, иако Турција се приближува до тој број со 90.980 случаи, што е и најголем број на заболени си вирусот надвор од Европа и САД.
По неа следат Иран со 83.505 заразени, Кина со 82.747 и Русија со 47.112 заразени.
Зад САД, со вкупно 42.969 жртви, бројот на починати во Италија е 24.141, во Шпанија има 20.852 и 20.265 починати во Франција.
Највисока стапка на смртност, 14,8 проценти, сè уште е во Белгија, според универзитетот Џон Хопкинс.
Властите во Индија и Сингапур соопштија дека е забележано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во тие земји.


РЕГИОН
Словенија – 1.335
Хрватска – 1.881
БИХ – 1.309
Србија – 6.630
Црна Гора – 312
Албанија – 584
Македонија – 1.225
Бугарија – 929
Грција – 2.245


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …