Млад глумец пронајден мртов во својот стан

Дваесетгодишниот Џексон Одел е пронајден мртов во својот дом во Лос Анѓелес, соопштила полицијата.
Актерот е познат по својата улога како Ари Калдвел во серијата „The Goldbergs”.
Џексон Одел роден е на 2. јули 1997. година, а во светот на шоу бизнисот влегол многу рано, кога имал само 12. години. Покрај глумата, бил талентиран и за музика, бил добар пејач и текстописец, го напишал тестот за песната „Forever my Girl”.
Полицијата не сакала да дава никакви изјави околу смртта на младиот глумец, но нагласиле дека на телото немало никакви знаци на насилство.
Освен улогата на Ари Колдвел во првата и втората сезона на серијата „The Goldbergs”, Одел глумел и во други филмски остварувања како што се “The Fosters”, “Modern Family” и “Carly”.
Глумел и во филмот од 2011. година „Judy Moody and the Not Bummer Summer” со глумицата Хедер Греем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …