(ВИДЕО)Доделени театарските награди Тони: Де Ниро добил овации за пцоста упатена на Трамп – „Е** се!“

Мјузиклот „Посетата на групата“ и „Хари Потер и проколнатото дете“ доминираа на доделувањето на американските театарски награди Тони.

„Посетата на групата“
Остварувањето необично за Бродвеј, мјузикл со поскромна продукција „Посетата на групата“ (The Band’s Visit) во неделата вечер освои награди во 10 категории, вклучувајќи ги и наградата за најдобар мјузикл и најдобра режија.
Претставата за Хари Потер очекувано доби шест награди, вклучувајќи ги наградите за најдобра претстава и награда режија.
Гленда Џексон беше наградена во категоријата главна женска улога во „Трите високи жени на Едвард Алби“, додека Ендру Гарфилд беше награден за најдобра главна машка улога во претставата „Ангели во Америка“.
Во категоријата најдобра машка улога во мјузикл му припадна на Тони Шалуб („Посетата на групата“), а женската на Катрина Ленк за улогата во истоимениот мјузикл.
На музичарот Брус Спрингстин, кој настапи на доделувањето на театарските награди, му беше врачено признание за неговото шоу „Спрингстин на Бродвеј“.
На церемонијата настапија и актерите Роберт де Ниро, Кери Вашингтон, Џим Парсон, Клер Денс, Тина Феј, Били Џоел и други.
Тричасовната програма во Радио сити мјузик хол (Radio City Music Hall) во Њујорк ја водеа Сара Барејлис и Џос Гробан.
Скандал
И ова церемонија не помина без „скандал“. Имено, со Оскар наградениот актер Роберт де Ниро (74) во текот на церемонијата на доделувањето на наградите Тони упати навреда против американскиот претседател Доналд Трамп (71) во телевизискиот пренос во живо.
Де Ниро на сцената се појави за да го најави музичарот Брус Спрингстин (68).


„Ќе кажам само една работа. Е** се Трамп!“,рече актерот, па ја повтори пцоста. Публиката во која седеа театарски актери, режисери и продуценти тоа го проследија со овации. Де Ниро не го објасни својот коментар и веднаш премина на подготвената најава за Спрингстин.
„Брус, ти можеш да ја размрдаш куќата како никој друг. Уф, колку тоа сега ни е потребно – порача актерот, додавајќи дека Спрингстин, како што и самиот вели, секогаш се борел за „вистината, транспарентноста и интегритетот во владата“.
Цензура на пцоста
Телевизиската мрежа CBS успеа да ја цензурира пцоста во живо на Де Ниро која ја следеа повеќе милиони гледачи, но актерот го слушнаа оние во публиката и новинарите кои ја следеа церемонијата.
Наградите Тони се доделуваат за најдобрите претстави на Бродвеј, а минатата година ги гледаа шест милиони гледачи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …