(ФОТО) И покрај тешката болест Мајкл Џ. Фокс најавил ново продолжување од култниот филм!

Легендарниот филмски серијал „Враќање во иднината“ ќе добие и’ четврто продолжувње.
Оваа одлична вест ја објавил никој друг туку Мајкл Џ. Фокс, кој во ова остварување го игра Мартин Мекфлај.
„Здраво на сите! Денес е важен ден, освен што е мој роденден, објавувам дека се снима филмот ’Враќање во иднината 4’!За ова размислувавме со години и со снимање почнавме минатата година. Во наредните неколку дена ќе објавиме кога филмот ќе се појави. Ве сакам сите“ напишал Мајкл Џ. Фокс на Фејсбук и објавил заедничка фотографија на која е со колегите од филмот „Враќање во иднината“, Кристофер Лојд (кој го глумел докторот Емет Браун) и Леа Томсон (која ја глумела Лорејн Бејнс).


Да потсетиме, екипата од филмот „Враќање во иднината се собрала во 2015. година во Њујорк на 30. годишнината од првиот дел на филмот.
Во 1991. година на познатиот холивудски глумец му била дијагностификувана Паркинсоновата болест. Тогаш имал само 29. години и лекарите му рекле дека ќе може да работи уште најмногу десет години.
Меѓутоа повеќе од две децении Мајкл Џ. Фокс успешно се бори со болеста па освен што го снима „Враќање во иднината“ има настапувано и во неколку успешни ТВ серии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …