Меѓународен форум за продукциски дизајн во Битола

Меѓународен форум за продукциски дизајн се одржа викендов во Битола, со учество на филмски професионалци од земјава и странство. Централната тема на форумот беше „Продукцискиот дизајн и новите технологии“. Повеќе од десет гости беа присутни во живо и онлајн во излагањата и дискусиите што се одржаа во рамките на дводневниот форум.


Продукцискиот дизајн на едно аудиовизуелно дело е првото нешто преку кое публиката го перципира делото и отвора неверојатно многу можности за промоција и интеракција со неа. Првиот ден беше посветен на дискусии за општите и актуелните проблеми и состојби на оваа област во регионот. Вториот ден беше посветен на дискусии за конкретната тема.  Целта е зајакнување на соработката помеѓу филмските професионалци во регионот и размената на искуства во филмската дејност.


Меѓу учесниците на форумот беа продуцентот Блаже Дулев, сценографот Викторија Динева, професорот по анимација, режисер и продуцент Крсте Господиновски, менаџерот на продукција и сцениграф Петар Трајчевски, претставници на МЗФП – здружението на  филмски продуценти на Македонија и Асоцијација на филмски професионалци на македонија  -АФП на Македонија, актерката и кастинг директор Љуба Пиперова од Бугарија, продуцентот Боштјан Иковиќ од Словенија, Марија Драндаки, продуцент од Грција, Фотеини Алевра, комуникациски експерт на Филмскиот фестивал во Атина и селектор од Грција.


Форумот по петти пат го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“, а со поддршка на Регионалниот филмски фонд „Балкан синема ситис“. Форумот го поддржа Министерството за култура.

Целта е Битола и републиката да станат центар каде во иднина би се одржувал годишниот состанок на продукциски дизајнети, продуценти, режисери и автори во насока на унапредување на состојбата на овој важен сегмент од креативните индустрии во насока на економски (и културен) развој.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …