Доколку барате колач што можете да го подготвите брзо и лесно, имаме идеја.
Пронајдовме рецепт за мрзлив колач за кој се доволни само три состојки, па дури и не треба да ја запалите рерната.
Аматерската слаткарка, Вала Абу-Еид го објави рецептот за овој вкусен десерт на Инстаграм и ги воодушеви нејзините следбеници од целиот свет.
Сè што ви треба е 600 мл слатка павлака, 700 гр чоколадо и три пакувања бисквити по ваш избор.
Ставете ги шлаг и чоколадото во сад и промешајте на средна температура додека двете состојки не се соединат во крем. Потоа искршете ги бисквитите на помали парчиња и додадете ги во смесата.
Во сад со посакуваната форма ставете прозирна фолија па истурете ја смесата. Колачот ставете го во фрижидер преку ноќ добро да се стегне, а следниот ден извадете и сервирајте. Добар апетит!