МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ПОВТОРНО ДОМИНАНТЕН ВО ВАЉЕВО

Во склоп на 5 тиот Мегународен салон на стрип во Ваљево, соседна Србија од пристигнати дела од 10 земји жирито во состав Зоран Стефановиќ , управник на центарот за стрип уметност од Белград и уметниците Миливој Костиќ и Радомир Илиќ едногласно ги прогласија најдобрите.Мегу нив традиционално забележително место имаат и македонските автори

Томе Трајков од „Стрип центар на Македонија“ рече- Веке четврта година непосредно и директно сум задолжен за соработката со пријателите од Ваљево, организирајки го масовното учество на стрип автори од Северна Македонија. Впрочем , пред две години бев специјален гостин како селектор и промотер на стрип изложбата на македонски автори.


This image has an empty alt attribute; its file name is img592.jpg

Развојот на македонскиот стрип се потврди и оваа година со добивањето на наградите за


– Општествен ангажман на доајенот Тоде Блажевски за карикатуралниот стрип „СРЕЌА”.Ѕа овој стрип е добитник на награда за највоѕрасен учесник на мегународнииот стрип фестивал „ ВЕЛЕС 2021″

This image has an empty alt attribute; its file name is Anastasija-Zafirovska.jpg


– Најдобар млад автор на Анастасија Зафировска за стрипот “CRASH LANDING” Анастасија Зафировска е илустраторка и стрип автор од Скопје. Инспирирана e од приказните, природата, фолклорот и детските игри. Преку илустрациите и приказните сака да ја улови магијата што ја гледала секогаш во детството.

This image has an empty alt attribute; its file name is Anastasija-Strip.jpeg

– Специјална награда на Центарот за стрип од Белград ја доби и Катерина Николовска во тандем со сценаристот Дејан Богојевиќ од Србија за стрипот ПРЕМИН ОД СЕНКИ

– Исто како и лани , Стрип центарот на Македонија со седиште Велес доби специјална награда за педагошка работа

Инаку гран прито на Петтиот Ваљевски стрип фестивал го добија Владимир Кузманов и Денис Немеш за стрипот„ЛУК И ВОДА” а првата награда ја доби реномираниот автор Дарко Мацан за стрипот — „Why worry?!”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …