Популарниот македонски пејач, Влатко Илиевски е пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, соопшти полицијата.
Илиевски во 2011. година ја претставувше Македонија на „Песна на Евровизија“, а со години беше член и на групата „Морал“.
Според неофицијалните информации, Илиевски е пронајден по анонимна дојава, а за сега не се познати причините за смртта.
Во полицискиот извештај е објавено дека починатиот В.И. (33) од Скопје е пронајден синоќа околу 23. часот во авмотобилот марка „Тојота“ во улицата „Трета македонска бригада“.
Од МВР се наведува дека телото на починатиот е предадено на обдукција, по направениот увид.
Влатко последната објава на Фејсбук ја имал претходниот ден,неколку часа пред да биде пронајден мртов, а денеска македонската естрада се простува од својот колега.