(ФОТО) Трогателен но многу вистинит пост: „Вреднуваме само кога човекот ќе го загубиме!“

Веста дека синоќа Влатко Илиевски бил пронајден мртов во својот автомобил ја потресе јавноста во Македонија (која можеби во ова виде и одлична вест за повеќе внимание – читај кликови) но и граѓаните кои на различен начин коментираа за прераната смрт на македонскиот музичар.
Меѓу сите оние коментари, сочувства, РИП…посебно вниманието ни го привлече оној на членката на Фејсбук со име Ленна Скопски која коментираше на постот на Ѓоко Ѓорчев за Влатко, кој требаше да пее на неговиот концерт во октомври…. Како да ни ги прочита мислите, да влезе во нашата интима…


„Лошо е што ние на македонското поднебје, сите сега го жалиме, овој млад човек. А, во ниту еден момент додека бил жив и се радувал на секој нов хит, ние не сме му отишле на настап, ниту пак сме му ставиле лајк на неговата ФБ страница.Сакам да кажам дека, вреднуваме, само кога човекот ќе го загубиме.
Жалосно.
И со Тоше беше слично.
Сега што да се каже?
Почивај во мир Влатко! Но, кој ќе прочита? Само тој што е жив. СОЧУВСТВО ДО ТИЕ ШТО ГО ПОЗНАВААА,НА ОНИЕ КОИ ИМ БЕШЕ ДРУГАР.ПОСЕБНО ДО ФАМИЛИЈАТА“, напиша во својот пост Ленна Скопски на постот на Ѓоко Ѓорчев, за смртта на Влако Илиевски.


Сега сите ќе истражуваат за смртта на Влатко која на многумина им е нејасна, што пак значи дека младиот музичар за себе ги чувал интимните проблеми…Од еден наш познат музичар дознавме дека синоќа со Влатко биле на вечера, убаво си поминале, се задржале до доцна и дека воопшто не му е јасно што се случило потоа…
Е, потоа, после анонимна дојава полицијата го пронајде мртвото тело на Влатко Илиевски, во неговиот автомобил.
Трагедија, жално, шокантно…
Се’ и малку е за загубата на еден млад живот.


Но, сето ова е само капка во море од огромниот проблем во Македонија. Никогаш не ги вреднуваме нашите луѓе туку оние кои доаѓаат од страна. Така беше и со „Леб и сол“ пред многу години – постигнаа слава во Југославија за да почнеме да ги цениме тука, така беше и со Тоше (не во толкава мерка), така е и со сите кои денес опстојуваат на естрадата. Посакани се оние кои некои ТВ куќи ни ги наметнуваат во купените програми (бидејќи им е поедноставно да преземат нешто за да ја исполнат квотата отколку да создадат своја програма, но тоа е друга тема). Разноразни певаљки, шепкачи се послушани и побарани отколку македонските уметници…кои во отсуство на тв програми се наметнуваат преку радијата и кафулињата во кои ечи нивната музика…И’, кога некој млад живот одеднаш ќе го снема сите жалиме и коменираме…се до повторното пуштање на радио и одење во кафуле. Лицемерие на кое ни нема рамни – во светски рамки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Вештачката интелигенција ПОКАЖАЛА КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ДЕНЕС: Совршено верните фотографии ја воодушевија јавноста – да беше жива на 63 години, сепак би ПЛЕНЕЛА СО ЕЛЕГАНЦИЈА

Се поврзано со никогаш прежалената принцеза Дијана предизвикува внимание. Пред 27 години таа настрада во …