Лиам Нисон дознал дека саканата му е силувана и тргнал во освета!

Глумецот Лиам Нисон открил дека еднаш тргнал во осветнички поход откако саканата му била силувана…
На прес конференцијата по повод претставувањето на новиот филм „Cold Pursuit”, Лиам Нисон открил шокантна приказна од својот живот.
„Таа со силувањето се справуваше на неверојатен начин, но мојата прва реакција беше да ја прашам дали знае кој и го направи тоа. Не знаеше. Ја прашав која раса било тоа лице. Ми рече дека бил црнец. Се симнав долу и наоколу одев со безбол палка со надеж дека некој ќе ми пријде“, раскажал 66. годишниот глумец.
„Одев така една недела надевајќи се дека некој гад ќе излезе од некој паб и ќе се обиде да ме нападне, да можам да го убијам. Беше ужасно. Но, научив лекција од тоа. На крај помислив – што по ѓаволите правам. Ја сфаќам таа потреба за освета, но од тоа се раѓа само нова потреба, само убивање и убивање“ заклучил глумецот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …