Слаѓана Милошевиќ веќе подолго време боледува од автоимуна болест
Познатата пејачка и уметница Слаѓана Милошевиќ тврди дека е во многу лоша здравствена состојба.
– Во Клиничкиот центар сум и веќе подолго време се лекувам. Многу сум болна, се стана многу комплицирано, но веќе шест дена ме држат тука и не ме пуштаат ни во тоалет – започнува Слаѓана за српските медиуми.
– Сега излегувам со мој потпис и на моја одговорност и сакам јавноста да знае како ме третираат. Јас сум многу болна.
Слаѓана тврди дека боледува од автоимуна болест наречена Сјоргенов синдром и дека оваа болест поминува низ различни циклуси и дека моментално е во многу лоша состојба.
Сјогренов синдром е хронична, воспалителна, ревматоидна болест која се манифестира со суви очи (ксерофталмија) и сува уста (ксеростомија). Причината за овие појави е намалување на функциите на егзокрините жлезди. Овој синдром се јавува како примарна болест и е поврзан со некои други системски заболувања на сврзното ткиво, најчесто со системски лупус или ревматоиден артритис.
Извор: magazin.rs