Културата е деветта уметност – МАК СТРИП ОД КРСТЕВСКИ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО ЈАПОНСКАТА МАНГА АНТОЛОГИЈА: „The Best Cartoons of NIPPON“

На меѓународниот фестивал на современа манга уметност во Саитама, Јапонија, со две дела учествуваше и македонскиот уметник Златко Крстевски. Изложбата е селектирана и тематска на која изложуваат над 200 избрани уметници на Манга од над 30 земји: Белгија, Кина, Франција, Тајланд, Колумбија, а единствениот македонски претставник беше Златко Крстевски.

This image has an empty alt attribute; its file name is japan1.jpg
Дел од изложбата се одржуваше во Saitama Kartun Muzeum од декември/јануари. Музејот е познат по таткото на јапонската манга уметност, Ракутен Китазава. Делата се објавени во Антологијата, „The Best Cartoons of NIPPON“, на 112 страници во боја со биографски референци. Во воведот: …Годишната тема на фестивалот е „Симбиоза“, нашите животи се составени од бројни сложени врски. Врските не се ограничени само на оние кои работат пред човештвото. Тоа е оддалеченоста од поврзаноста. со живеењето предмети, природа или мали нешта околу нас во огромен број на глобално ниво. Како наоѓаме слични стимули и предизвици, вклучувајќи сиромаштија, конфликти, климатски промени и чуми. Не мораме уште еднаш да ја осигуриме природата на нас самити и да видиме што секој од нас може да направи за да преземе нешто. Посебно задоволство и радост е да се погледне вашата работа на ‘симбиоза’ од различни перспективи на уметници од сите страни на светот…“, рекол меѓу другото, градоначалникот Хајато Шимица пишува во предговорот на антологијата…


This image has an empty alt attribute; its file name is Japan3.jpg
Да потсетиме, во 2018 година беше купено едно од делата на Крстевски и дел од делата на Саита Музејот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …