КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА – ДЕНЕСКА ВТОРИОТ КОНЦЕРТ НА ОТВОРЕНО

Денеска во 18 часот, кај сините кули во Аеродром ќе се одржи вториот концерт од програмата „Култура во време на Корона’. Музичката група Pluto’s Doubts ќе одржи едночасовен концерт за станарите од околните згради. Ги повикуваме нашите сограѓани од околните згради да им дадат поддршка на овие млади музички артисти.

Концертот ќе биде стримуван на:Фејсбук страницата и на Youtube каналот на Град Скопје.


За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:


  1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
  1. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …