Култренинг – Работилница за кореографија и танц „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска

Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата ве кани да ја проследите втората серија на работилници за современ танц и движење Култренинг – „Резонантни тела“ работилница за кореографија со Теодора Ежовска во КСП Центар – Јадро, денес од 18-20 часот. Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство.

Работилницата со Теодора Ежовска на учесниците им нуди танцово истражување и работа преку метод на допир, сензација, процес на истражување што овозможува експанзија на мисловна, како и физичка работа на тело, за тоа што е возможно и како се надминуваат сопствените лимити. Што се случува со нашите сетилни средства на изразување и како тие можат да ја збогатат играта на импровизација, се само дел од прашањата и елементите кои, оваа пракса има за цел да ја одрази телесната/ движечка експресија.


Теодора Ежовска ја започнала својата танцова кариера во својата седма година, оттаму детската желба за танц и првите чекори во хип- хоп, танц театар, шоу-денс, се преточила во подоцнежните години, па таа ти продолжила своите студии на “Факултетот за музичка уметност/ Скопје, на одсекот за Балетска педагогија – современ танц”, каде што го зајакнува и продлабочува својот танцов вокабулар.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …