Крвта не е вода: Сите сакаа децата да ги дадат во дом за сираци – не сакаа да се грижат за внучињата од братот или сестрата – „Ги земав јас и се гордеам во какви луѓе израснаа!“

Животот некогаш донесува и непланирани ситуации…кога родителите, како во овој случај, загинуваат, а децата остануваат на улица…Можеби токму поради вакви случаи на Запад се изготвуваат тестаменти и лица кои би се грижеле за децата доколку нешто им се случи на нивните родители, како во овој случај…


„Кога мојот брат и снаа загинаа во сообраќајна несреќа, нивниот син имаше три години, а нивната ќерка немаше ниту една година. Имав ќерка од 8. месеци, а жена ми беше бремена со нашиот син.
Браќа и сестрите на нашата снаа и нашиот брат и сестра не покажаа никаков интерес за децата. Тие шестмина сметаа дека децата на нивната сестра или брат, нивната крв, треба да одат во некој дом за сираци – сите се согласија со тоа решение. Молчев скоро цело време, а потоа станав и ја зедов раката на внукот и реков: „Ајде, ќе се грижам за тебе. Како ќе им биде на моите деца, така и на вас“.


На жена ми и реков: „Земи го малечкото и одете дома“. Повеќето од нив, нивните блиски роднини, никогаш не ми даваа ништо за децата, но беа лути кога децата го зедоа наследството на мајка си (тие веќе беа возрасни и јас не се мешав во нивната одлука).
Би ги земал јас да ги издржувам, и некој друг да сакаше да ги земе, но бев огорчен што повеќе сакаа да ги дадат во некој дом отколку да ги земат во својот дом. Фала му на Бога, децата успеаа во нивните животи без нив, и јас сум горд и на децата на мојот брат и на моите деца“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …