КОРОНА ВИРУС ВО ГЕРМАНИЈА: Карантин за 360.000 граѓани поради 6.000 заразени во кланица

Ново воведената карантинска мерка ќе трае до крајот на месецот, а доколку е потребно, ќе биде продолжена. Се очекува да биде ефективна се додека инфекцијата не помине. Околу 360.000 луѓе живеат во областа што од денеска е ставена во карантин.
Над 7.000 луѓе во северозападна Германија се ставени во карантин заради појавата на коронавирус во кланица.
Според германските медиуми, а информацијата ја пренесува и АФП, токму поради овој случај, Германија го воведува првиот карантин по укинувањето на мерките.
Карантинот ќе биде во сила во округот Гистерлох, во Северна Рајна-Вестфалија.
Информацијата е објавена утрово на прес-конференција од премиерот на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.
Тој рече дека мерките што беа во сила до пред неколку недели,се враќаат на сила.


„Ова е голема интервенција, одиме со карантин уште пред резултатите од тестот. Виролозите ја побараа оваа мерка затоа што никогаш не сме наишле на вакво нешто“, додаде Лашет.
Тој исто така објасни дека од 6140 вработени во кланицата, 1553 се позитивни, а се очекува дека ќе има позитивни и кај нивните семејства.
Ново воведената карантинска мерка ќе трае до крајот на месецот, а доколку е потребно, ќе биде продолжена. Се очекува да биде ефективна се додека инфекцијата не помине. Околу 360.000 луѓе живеат во областа што од денеска е ставена во карантин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …