ПОСЛЕДИЦА ОД КОРОНА ВИРУСОТ: Трагично загинал американскиот филмаџија и татко на детето на Елизабет Харли

СТИВ БИНГ, филмаџија, филантроп и татко на детето на Елизабет Харли, трагично починал во Лос Ангелес.
Полициски извор за ТМЗ изјавилл дека Бинг вчера скокнал од 27-ми кат на луксузна станбена зграда во населбата Сити во Лос Ангелес. Бинг живеел во зградата, а извори поврзани со него му кажале на американскиот таблоид дека бил депресивен поради недостаток на човечки контакт за време на карантинот.


Бинг, кој ја основал продуцентската куќа Shangri-La Entertainment, наводно го напуштил Стенфорд, откако наследил 600. милиони долари од неговиот дедо кој се бавел со недвижнини. После тоа, тој „бркал“ кариера во Холивуд, а првиот филм со голем буџет што го продуцирал бил Get Carter (2000) со Силвестер Сталоне.
Во 2003 година, тој го напишал „„Кенгур Џек“, а подоцна инвестираше скоро 100. милиони американски долари во „Полар експрес“ со Том Хенкс бво главната улога. Наводно, тоа било половина од трошоците за производство, а филмот подоцна заработил скоро 300. милиони долари.



Бинг го произведе и „Хотел Ноар“ 2012 година. Во истата година, тој се обврзал на намерата на Бил Гејтс и Ворен Бафет да го донираат најголемиот дел од своето богатство. Покрај тоа, тој често донирал пари на разни добротворни цели.
Тој имал две деца, Демјан Харли од врската со Елизабет Харли и ќерката Кира Бондер, која ги добил со поранешната професионална тенисерка Лиза Бондер.
Имал 55 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …