КОРОНА ПРЕСЕК ВО СВЕТОТ: Забележани нови црни рекорди

ТУРЦИЈА вчера објави 62.797 нови случаи на инфекција со коронавирус, како и 279 смртни случаи, објави Министерството за здравство.
Ова е најголем број на смртни случаи и инфекции за еден ден од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на заразени во Турција надмина четири милиони, додека починале 34.737 лица.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави нови ограничувања „и делумно заклучување во текот на првите две недели од месецот Рамазан со цел да се потисне инфекцијата“.
Мерките стапија на сила вчера во 14. часот.


Италија вчера објави 469 смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирус, наспроти 476 ден претходно, објави Министерството за здравство.
Во последните 24. часа, инфекцијата е потврдена кај 16.168 лица, што е пораст во споредба со ден претходно, кога имаше 13.447 нови случаи на инфекција.
Досега, 115.557 луѓе во Италија починаа како резултат на инфекцијата, што е втора црна бројка во Европа и седма во светот.
Досега во Италија се регистрирани 3,81 милиони случаи на инфекција.
Во болниците има 26.369 пациенти заразени со вирусот корона, додека 3.490 се на единиците за интензивна нега.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …