Концерт на „Црно Собрание“ во Лабораториум

Премиерниот настан со кој започнуваат активностите на платформата Силата Еу Младите ќе се одржи во петок на 26 јануари 2024 година, со почеток во 21:30 часот, во Лабораториум со концерт на бендот Црно Собрание.

Бендот „Црно собрание” е формиран во скопската гимназија „Никола Карев” во склоп на проектната активност (училишни бендови) водена од Емилија Ристановска.


Првиот настап го одржуваат во 2022 година на средношколскиот фестивал „три дена култура” во гимназијата Карев. Други позначајни концертни настапи во земјава имаат во резиденцијата на Претседателот на Р.С. Македонија, на Денот на Европа (настан организиран од Europe House Skopje), на Денот на македонскиот јазик (настан организиран од Министерство за култура). Во 2023 година настапуваат во Белград, во „Дом Омладине“ на регионалната смотра на средношколски бендови „БГ Инвазија”.

Иако жанровски не се определува, бендот најлесно се опишува со „алтернативен рок” свирејќи голем обем на различни стилови. Значењето на името е доста субјективно, но за бендот претставува оспорување на зададените норми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …