Концерт на Пламенка Трајковска – гудачко трио во Крива Паланка

    Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе настапи на 8 ми јуни во 19.00 часот во кино салата на НУ Центар за култура Крива Паланка.

На програмата се композиции во модерен класичен стил.
На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина и Љубица Бошкоска на виола.


      Пламенка Трајковска својата музичка активност за заснова на идејата дека класичната музика треба да е широко достапна до општата публика. Таа настапува на речиси сите сцени и фестивали во Северна Македонија како и на концерти во Србија, Грција, Хрватска, Франција и Танзанија. Последните години работи на полето на доближување на класичната музика до децата.


      Автор и изведувач е на албумот Апасионато, на албумот Карневал на животните од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано и на повеќе синглови.


Неодамна го реализираше проектот Ехо за кој изработи и сними композиции со автентични природни звуци од Кањонот Матка.

Концертот е поддржан од Министерството за култура и од Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …