„Комбо“ – нов независен културен простор во населбата Железара

„Комбо“ е независен културен простор во Железара кој неодамна го отворија сестрите Анастасиа и Ивана Павловска. Како што изјавуваат, тоа е креативен простор кој има за цел да ги обедини луѓето кои користат еколошки практики за творење. Тоа значи дека во општина Гази Баба има просторија од околу 25 квадратни метри во која креативците од секоја област можат да се состанат и да се напијат кафе, чај, какао или сок по сосема пристојни цени.

Дополнително, таму луѓето можат да разменуваат користени облеки кои на тој начин нема да бидат фрлени туку ќе бидат репродуцирани на друг начин. Се работи за т.н. алтернативен простор, што значи дека нуди можности за развој на идеи кои се надвор од стандардните шеми на размислување и е еден од ретките од ваков тип во општина Гази Баба.


За Ивана и Анастасиа културниот живот во оваа општина не е доволно развиен, и се надеваат дека на овој начин ќе ги поттикнат граѓаните да вложат во сопственото духовно издигнување наместо да чекаат тоа да го направи некој друг за нив.

Задоволни од својот почеток и од поддршката која ја имаат од локалната заедница, плановите им се амбициозни но не и неостварливи. Нивната идеологија е „зелената“ мисија со кој ќе придонесат за намалување на отпадот на микро ниво – профитот кој би го оствариле ќе биде вложен во раззеленување на локалните заедници. Планираат и идна соработка со извиднички кампови, уредување на „трети простори“ (неискористени локации) за седење и уметност, овозможување на простор на сите уметници кои сакаат да имаат изложби или било какви јавни претставувања, организирање на мултимедијален фестивал итн…


„Комбо“ е отворен секој работен ден од 12 до 20 часот, и сабота од 10 до 20 часот.

Сестрите Павловски се чисти души, идеалисти кои сеуште не потпаднале на притисокот од суровиот дух на секојдневниот живот, сите се надеваме дека нема да го изгубат својот оптимизам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОТКРИЈТЕ ГИ ЛОШИТЕ ЛУЃЕ: Фројд имал јасен став за тоа со кои луѓе никогаш не треба да се трудите

Фројд зад себе остави голем број мудри реченици кои луѓето ги користат и денес Интересно …