Кога ќе запече над 40 степени: Заштитен фактор 2250

Ова лето, се чини, повеќе од претходните години, луѓето ја покажуваат својата креативност и снаодливост без разлика дали станува збор за оброк на плажа или заштита од сонце.
Така, на Фејсбук страницата “Dnevna doza prosječnog Dalmatinca” се појави фотографија која ги насмеа корисниците.
Фотографијата од плажата во Штиковица во Хрватска, со наслов „Фактор на заштита 2250“, е сцена која би го налутила секој пливач, кога ќе види како другите посетители се снашле и заземаат половина од плажата.
Имено, станува збор за голема тенда, речиси шатор што зазеде добар дел од плажата, за да им донесе сенка на своите „архитекти“. Се разбира, под него раширија уште седум крпи.
„Дали имаат градежна дозвола:“, „Не само што ја зазеле плажата туру удриле и граници на нова држава“, „Волкав би можел да биде и шатороот за тестирање за корона вирус“, добро се забавувале корисниците на Фејсбук со своите комнетари под фотографијата.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …