ПРЕЉУБА – Дали повеќе изневеруваат искусни МАЖИ или оние кои некоја жена ги „напаѓа“?

Едно е сигурно: причината за прељуба не е досада во врската!
Кој изневерува почесто – мажите или жените, дали оние кои се венчале порано или оние кои се венчале доцна, па затоа не се навикнати да бидат само со една личност, повеќе се склони кон прељуба? Дали средовечните луѓе се поподложни на изневерување – ова се само некои од прашањата со кои се занимаваат научниците на оваа тема.
Но, една неодамнешна студија, објавена во Британскиот весник за психологија, покажа дека импулсивните луѓе изневеруваат почесто, што предизвика другите теории речиси да паднат во вода. Научниците дошле до овие заклучоци анализирајќи го искуството на 123. парови на возраст меѓу 17. и 25. години.


Поискусните мажи полесно изневеруваат.
Овие истражувачи заклучија дека афективните луѓе не знаат да запрат, да размислуваат за ситуацијата, туку реагираат во согласност со моменталните емоции и мисли, поради што лесно паѓаат во нечија стапица на заведување.
Исто така, оние кои имале повеќе сексуални партнери во минатото се повеќе склони кон изневерување, бидејќи развиле вештини за препознавање можност за прељуба – утврдиле научниците.
Кога станува збор за причините, главниот мотив е чувството на неповрзување со партнерот и незадоволство од врската, додека нејзината должина, се покажало, има минимално влијание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Сведоштвo за трагедијата во Кочани: Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница

Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, …