Книжевен клуб за деца во Europe House – Скопје


Денес, со почеток во 18:30 часот, во Europe House во Скопје, ќе се може да присуствувате на книжевно и игриво дружење со Ана Голејшка Џикова, овојпат на една убава, женска тема која ќе го разбуди детското љубопитство и желба за раскажување.

Жената има улога на многу места, но најважна во срцето е кога е нечија мајка, баба, тетка, другарка, професорка, поштарка, готвачка… Секаде е важна! Да ја раскажеме приказната на секоја жена и да го одбележиме претстојниот празник во име на сите силни женски улоги што го прават овој свет поубав и подобар!


Работилница е наменета за деца на возраст од 6 до 12 години.

Задолжително пријавете присуство на следниот линк: https://forms.gle/BR1DkYUvsaHuk3qd8


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РОМАН СИМОВИЌ: Голема чест е што преку музика ќе им помогнеме на семејствата од Кочани

Светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, утревечер ќе настапи заедно со …