Какво време не очекува во последните денови на 2017. година

Од четврток (28.12.2017) територијата на нашата држава ќе подпадне под влијание на циклонска активност па така најпрвин на запад а подоцна и насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат поинтензивни а не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со грмежи. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од јужен правец. Особено на запад локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.
Снег ќе паѓа само на повисоките планински места додека од четврток навечер снег ќе има и на повисоките места во државава, но веќе во петок врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Исто така од сега гледано снег на помала надморска височина би имале во петок навечер и во текот на ноќта кон денот сабота а температурите на воздухот значително би опаднале а до тогаш ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот за овој дел од годината.
Според најновите анализи новогодишната ноќ сува и не премногу студена, најавуваат од meteomax.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …