Баба Ванга го предвидела и’ 11. септември: Што најавила за 2018.година?

Познатите предвидувања на Баба Ванга не изостанале ниту за оваа година во кои предвидува раст на нова велесила и пронаоѓање нова енергија на една планета во нашата галаксија…
Баба Ванга, Бугарката која умрела во 1996. година на возраст од 85. години своите предвидувања ги запишала се’ до 51. век – сметала дека тогаш ќе дојде крај на светот.
За 2018. година во своите предвидувања пишува дека Кина ќе стане нова светска велесила која ќе ја превземе Америка и дека „нов облик на енергија“ ќе биде најден на Венера.
За нешто подолг период предвидела „Златно доба“ од 2025. до 2028. година, токму поради „новиот облик на енергија“ кој би требало да го пронајдеме во доаѓачката година, токму на Венера.
Од 2033. до 2045. ќе се истопат половите, а нивото на морињата ќе се подигне. Во меѓувреме со Европа ќе почнат да владеат Муслимани.
Клонирањето ќе стане, во далечната иднина, најкорисен лек. Америка ќе го нападне Муслиманскиот Рим со оружје кое наводно ќе ги замрзнува противниците, пишува Mirror.
Помеѓу 2072. и 2086. ќе се врати комунизмот.
До крајот на светот, што според предвидувањето на Баба Ванга ќе се случи во 5079. година човечката раса ќе успее да сфати како функционира патувањето низ времето, ќе ја откријат „тајната на месечината“, цивилизацијата подоцна потполно ќе се уништи и луѓето, додека не настане нова религија, ќе живеат како ѕверови. Некаде околу 44. век ќе се прилагодиме на вонземјаните, ќе станеме бесмртни и ќе зборуваме со Бог.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …