(ФОТО) Прва расистичка навреда за Меган Маркле од кралското семејство

Принцезата Мишел од Кент, членка на британското кралско семејство и се извинила на јавноста бидејќи на расистичка основа ја навредила глумицата Меган Маркле, идната сопруга на принцот Хари,
Членката на кралското семејство се извинила затоа што на божиќниот ручек во Бакингамската палата во присуство на Меган Маркле носела навредлив накит. Имено, таа својот стајлинг го украсила со брош кој осликува минијатурни гради на африканска жена украсен со злато и шарени скапоцени камења.
Јавноста сметала дека тоа е директна навреда за американската глумица која е со афроамериканско потекло.
„Принцезата Мишел се извинува и многу е вознемирена затоа што овој чин предизвикал јавна навреда“ се наведува во соопштението од нејзиниот тим кој додава дека овој брош го носела „многу пати пред тоа“.
Брошот кој принцезата го носела е изработен во европски стил на уметност кој датира од 16. век и прикажува тела и лица на луѓе со темна кожа од Северна Африка и од Блискиот Исток. Денес стилот на изработка на накит со овие мотиви се смета навредлив за црните луѓе алудирајќи на ропство.
Инаку,ова не е прв пат принцезата да е обвинета за расизам. Уште во 2004. година во еден ресторан во Њујорк, на друштво Афромериканци, кои седеле покрај неа им викнала „Вратете се во своите колонии“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …