Какво време не очекува во наредните пет дена?

Жешкото време, иако и му е време – нели лето е…се чини ќе продолжи но со поумерено темпо, барем според најавите на УХМР.

Денес (вторник) се очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Просечните дневни температури ќе се движат од 29 до 39 степени.УВ=8
За утре (среда) се најавува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Просечните дневни температури ќе се движат од 27. до 38. степени. УВ=8



Во четврток се очекува сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минимална температура: 10°C до 20°C. Максимална температура: 28°C до 35°C. УВ=8
За петок се најавува сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минимална температура: 11°C до 20°C. Максимална температура: 27°C до 33°C. УВ=7
Во сабота треба да очекуваме променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минимална температура: 11°C до 20°C. Максимална температура: 27°C до 34°C. УВ=7

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …