На социјалните мрежи се шири фотографија од внатрешноста на авионот што го напушта Кабул.
Станува збор за американскиот воен авион US Air Force C-17,, кој, како што пишува Defense One, летал од Кабул во неделата.
Според Defence One, која ја добила сликата од воените претставници, во авионот имало 640. (набиени) луѓе, многу пати повеќе од очекуваното.
Десетици Авганистанци прескокнаа низ полуотворената рампа и така избегаа од Талибанците, кои брзо напредуваат и ја преземаат власта низ целата земја.
Да додадеме дека фотографијата не е, како што пишуваат многу медиуми, од внатрешноста на авионот од кој паднаа луѓе, кој полета од Кабул во понеделникот. Авионот на фотографијата полета во неделата, ден пред ужасните сцени од аеродромот во Кабул, кога илјадници очајни луѓе се обидуваа да најдат било каков излез од земјата. Некои се залепија за тркалата на авионот во очај. Како што беше објавено вчера, три лица паднаа од воздух и загинаа.
JUST IN: "The Crew made the decision to go" — Inside RCH 871, which saved 640 from the Taliban … from @TaraCopp and me https://t.co/r4YvGqJZ4b pic.twitter.com/CI1mAmqjHT
— Marcus Weisgerber (@MarcusReports) August 16, 2021
At least they won’t have to read “mean tweets”… pic.twitter.com/P42ZOTEpra
— Lauren Boebert (@laurenboebert) August 16, 2021
Фото: Twitter